Герет Бејл си оди од Реал: Во новиот клуб Велшанецот ќе заработува неверојатна плата

Тоа што го посакуваше Зинедин Зидан, конечно ќе се оствари. Герет Бејл си оди од Реал Мадрид. Според пишувањата на весникот „Марка“, Бејл е многу блиску да потпише договор со кинескиот тим Џиангсу Сунинг. Велшанецот ќе потпише тригодишен договор, а годишно ќе заработува неверојатни 22 милиони евра по сезона.

Агентот на Бејл најавуваше дека неговиот играч ќе си оди за сума 17 милиони евра по сезона, но самиот играч не се сложи за таква варијанта. Сепак, откако кинескиот тим понуди дури пет милиони евра повеќе по сезона, ситуацијата се смени и Бејл прифатил да замине во Кина.

Клубот во кој ќе игра Бејл е економски најсилен во земјата, а газдите поседуваат дури 70 отсто од акциите на италијанскиот калчолигаш Интер.

Со заминувањето на Бејл, ќе се отвори можност Реал до крајот на летниот преоден рок да успее да го доведе Пол Погба од Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести