32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Герет Саутгејт има нов ангажман, но нема да биде ниту тренер, ниту селектор

Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, има нов ангажман, но нема да биде ниту тренер, ниту селектор, а сепак ќе остане во фудбалот. Саутгејт ја доби позицијата на технички набљудувач во УЕФА, а тоа значи дека ќе биде задолжен да следи фудбалски натпревари, да известува за новите трендови во фудбалот, но и да води статистичка евиденција за екипите, но и поединечно за фудбалерите.

Англичанецот оваа задача ја имаше и за финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а на Европското првенство за УЕФА работеа Фабио Капело, Аврам Грант и Франк де Бур.

- Оглас -

Најнови вести