Гери Невил и понатаму не верува во Арсенал: титулата пак ќе оди во Манчестер!

Арсенал сезонава одлично гази во Премиер лигата и на добар пат е по подолга пауза повторно да биде шампион на Англија, но во Манчестер се надеваат дека титулата сепак нема да се пресели во Лондон.

По изјавата на Пеп Гвардиола дека не се откажува од титулата бидејќи Арсенал не им бегал 23 бода туку само пет, се јави и легендата на Манчестер јунајтед, а сега аналитичар, Гери Невил.

„И понатаму мислам дека Арсенал нема да биде шампион. Причината е што тие 20 години не биле прваци и повеќето играчи немаат освоено ништо. Во вториот дел од сезоната треба да покажат дека може да ја освојат лигата“, вели Невил.

Според некогашниот десен бек, титулата ќе ја одбрани Манчестер сити.

„Сити и во минатото се соочуваше со вакви слични ситуации, па правеше големи победнички серии и на крајот ја освојуваше титулата. Во еден дел од сезоната, Арсенал ќе загуби еден или два меча и Сити ќе биде веднаш зад него, а тој притисок тешко дека ќе го издржи Арсенал. Мене уште не ми се верува дека тие се во трка за титулата, никој не веруваше во тоа пред сезоната“, додава Невил.

- Оглас -

Најнови вести