Арсенал и Манчестер сити одиграа само 1-1 во дербито на колото, а заклучокот е дека од овој резултат најзадоволен може да биде Ливерпул. Граѓаните рано дојдоа во водство, но Мартинели израмни во 93-тата минута, а легендарниот Гери Невил, сега во улога на стручен коментатор на „Скај спортс“, го дели мислењето дека Црвените се во најголема добивка.
„Сити сигурно се разочарани. Натпреварот беше вистинско надмудрување, борба што нема да му помогне ниту на еден од двата тима. Ливерпул може да биде големиот победник од овој резултат“, рече Невил.
Ливерпул е единствената максимална екипа по пет кола во Премиер лигата и веќе има предност од по пет бода во однос на Арсенал, Тотенхем и Борнмут.