Гери Невил ветува: Ако Арсенал стане шампион, ќе облечам нивен дрес!

Арсенал уште е првопласиран на табелата во Премиер лигата, но за една недела работите може да се сменат, бидејќи Сити викендов ќе одигра еден од заостанатите мечеви, а потоа в среда ги пречекува Топчиите на „Етихад“ во мега дерби кое може да биде и клучно во трката за титулата.

Гери Невил кој е легенда на Манчестер јунајтед и како играч водеше многу битки против Арсенал, сега работи како аналитичар и стручен коментатор на телевизија, вети дека ќе облече дрес на клубот од северен Лондон, ако ја освојат Премиер лигата.

Арсенал 20 години е без титула, а Невил се обложил со еден фан на Топчиите и тврди дека Сити ќе биде првак. Ако Невил го загуби облогот и титулата замине кај Арсенал, под казна ќе треба да облече дрес на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести