Герила акција: Не биди Перо, навивај за МЗТ (Фото)

Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска загубија од Црвена звезда со 57:80 во рамки на 14-то коло од АБА лигата, а натпреварот во СЦ Јане Сандански го следеше и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

Антиќ се најде на удар на јавноста откако на 3. јануари за време на хуманитарниот ракометен спектакл во СЦ Борис Трајковски, со кој РФМ им оддаде почит на легендите, се појави во дуксер на Црвена звезда.

Поради тоа следеа големи реакции на социјалните мрежи кои го осудија потегот на Антиќ на натпревар во кој играа актуелната репрезентација на Македонија и таа која играше на СП 2009 година, да се појави со обележје на српскиот тим чиј голем навивач е, а воедно и го носеше Црвено-белиот дрес.

Денешниот натпревар од АБА лигата, на кој присуствуваше и Антиќ беше искористен за герила акција против него и тоа во режија на долгогодишниот економ на МЗТ Скопје, Крсто.

Имено, Крсто за време на натпреварот застана до Антиќ и во рацете држеше картон со порака: Не биди Перо, навивај за МЗТ. Оваа фотографија беше објавена на Фејсбук страницата на навивачите на МЗТ, Фамилија Аеродром.

Интересно е што девојката на Антиќ, моделот Катарина Ивановска исто така беше на трибините во СЦ Јане Сандански, но таа мечот го следеше со маичка на МЗТ Скопје.

- Оглас -

Најнови вести