Топчиите се подготвени за герила-акција против Емери (Фото)

Навивачите на Арсенал се подготвуваат за герила акција против Унаи Емери и уште вечерва на мечот од Европа Лигата со Ајнтрахт ќе побараат Шпанецот да си замине од клубот.

Веќе се подготвени транспаренти против Унаи, а мотото на лутите навивачи на топчиите е „Нема тактика, ниту формација. Нема веќе криење“.

Арсенал игра многу солидно во Европа Лигата и вечерва и со реми против Ајнтрахт ќе биде патник во следната фаза, но протестот е за скромните игри и резултати во Премиерлигата.

На тој фронт топчиите се слаби и се на осмото место со само 18 бода, или повеќе од двојно помалку од лидерот Ливерпул и со заостанување од 8 бода Челзи, кој е на четвртата позиција, последна што води во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести