Герила акција – Ултраси на Атлетико Минеиро се бореа со симпатизери на поразениот претседател на Бразил, Болсонеро, гореше на сите страни (Видео)

Гореше на сите страни при герила-акцијата на навивачите на Атлетико Минеиро, кои денеска се судрија со приврзаниците на поразениот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

Најверните навивачи на Атлетико патуваа кон Сао Пауло кога наидоа на блокада на патот и барикади поставени од симпатозерите на Болсонаро, кој веќе го призна поразот на претседателските избори во Бразил од Луиз Инасио Лула.

Местото на судирот изгледаше како бојно поле, а според информациите од Бразил, навивачите на Атлетико успеале да ги пробијат барикадите и да го продолжат патот кон Сао Пауло.

Ноќеска од 01.30 часот ќе се игра мечот од бразилската Серија А меѓу Сао Пауло и Атлетико Минеиро.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести