Германскиот ракометен репрезентативец Кристијан Дисингер наскоро би можело да стане член на македонскиот првак Вардар. Дисингер игра на позицијата лев бек, а веќе пет години го носи дресот на националниот тим на својата земја, со која освои злато на ЕП и бронза на Олимписките игри во Рио 2016.
Дисингер има 26 години, висок е 203 сантиметри, а досега го носеше дресот на Кил. Договорот со Кил му беше до јануари 2020, но го раскина.
Успесите на Вардар во Лигата на шампионите не ги успиваат во клубот, туку сакаат да го надоградат составот, па Дисингер би бил екстра засилување. Вардарци и во минатото се интересираа за него, но се чини дека сега е време тој да го облече црвено-црниот дрес и да биде поткрепа за Борозан, Оцврик и повредениот Горбок.