16.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Германецот Тухел најави дека може да ја пее англиската химна на СП 2026

Англија беше првата репрезентација од Европа која обезбеди сигурно место на СП 2026. Перфектно игра Гордиот Албион и има седум победи во исто толку мечеви и тоа без ниту еден примен гол.

На селекторското место во англиската репрезентација во јануари пристигна Томас Тухел и тимот игра одлично. По последната победа над Србија на „Вембли“ во Лондон, Герменцот Тухел најави дека можно е да ја пее англиската химна на мечевите на Светското првенство.

„Мислите дека за толку кратко време заслужувам да ја пејам химната? Ќе размислам. Може да се случи на Мундијалот да ја пејам англиската химна“, рече Тухел.

Во последното коло од квалификациите Англија ќе гостува во Тирана на Албанија во меч кој не е важен за двете селекции.

- Оглас -

Најнови вести