Во Хамбург не виреат лалиња

Германија – Холандија (квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Ова е европскиот блокбастер на две селекции што имаат огромен ривалитет и се соседи кои имаа многу епски фудбалски битки.

Првиот меч меѓу себе го одиграа во 1910 година, но вистинското ривалство почна со финалето на Мундијалот во 1974 година, кога тогашната Западна Германија ги победи Лалињата со 2:1.

Досега имаат одиграно вкупно 43 натпревари, од кои 16 ги доби Германија, со 16 нерешени и 11 успеси на Холандија.

Вечерва на стадионот „Фолкспарк“ во Хамбург повторно ќе има голема фудбалска пресметка, овојпат во квалификациите за ЕП 2020 година.

Германците имаат само еден пораз на последните девет меѓусебни дуели и во моментовсе во многу подобра позиција со максимален учинок во групата Ц и три победи на три меча. Една од нив е токму против Лалињата со 3:2 во Амстердам, во март годинава.

И сега Германија е фаворит, но Холанѓаните по долг период, повторно имаат одлична генерација предводена од млади играчи. Ќе биде интересно како и секогаш на дуелите на овие две селекции, а ние ќе типуваме дека Германците пак ќе дадат најмалку два гола, а и Холанѓаните барем еднаш ќе ја затресат мрежата на домаќините во Хамбург.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.45)

 

Словачка – Хрватска (квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Групата Е е многу изедначена и четири од вкупно петте селекции, со исклучок на Азербејџан, имаат реални шанси за пласман на ЕП.

Хрватска и Словачка имаат одиграно 4 меча досега, сите пријателски и билансот е интересен. Хрватите си победуваа на домашен терен двапати, а на гости двапати играа нерешено, 1:1.

И двете селекции имаат искусни и многу квалитетни играчи од калибарот на Модриќ, Перишиќ, Брозовиќ, Хамшик, Лоботка, Куцка… и се чини дека ремито е најреален исход.

Заради традицијата и подобрите резултати на големите натпреварувања, што значи дополнително искуство, ќе типуваме дека гостите нема да загубат и дека ќе се одигра ефикасен меч со 2-4 гола.

Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.30)

 

Австрија – Летонија (квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Важен дуел, особено за Австријците, кои бијат битка за една од првите две позиции во нашата група Г за пласман на ЕП. И ние се надеваме на подвиг на гостите, но шансите се мали.

По лошиот старт со два порази, Австријците почнаа да играат одличен фудбал и најпрво ја победија Словенија на домашен терен, а потоа ја прегазија Македонија во Скопје со 4:1.

Летонија е убедливо најслабата селекција во нашата група и е без бодови по 4 натпревари, со гол-разлика 1:13. Стојановиќ беше именуван за селектор пред стартот на квалификациите со цел да ја промени ситуацијата кај Летонците, кои немаат успеси во последно време, но и тој не успева.

На „Ред Бул арената“ во Салцбург вечерва од 20.45 часот Австрија е апсолутен фаворит и ќе типуваме единица најмалку со три погодоци.

Предлог тип: 1& 3+ (1.57)

 

Данил Медведев – Григор Димитров (полуфинале Отворено првенство на САД, 22 часот)

Медведев е тенисерот со најмногу настапи годинава на АТП-турнирите и вечерва го чека 66-тиот меч во 2019, што се чини е премногу за секого. Пеколното темпо на рускиот тенисер за малку ќе си го земеше данокот во четврт-финалето, кога Медведев беше на прагот да го предаде мечот против Стен Вавринка, но издржа и победи во четири сета.

Ако нема проблем со физичката кондиција, тогаш Медведев би можел без проблем да го победи Димитров, бидејќи во моментов заедно со Рафаел Надал се во најдобра форма од сите тенисери. Рускиот ас играше во финалето на трите турнири што му претходеа на Отвореното првенство на САД, а по двата порази во Вашингтон и Монтреал, го освои пехарот во Синсинати.

И сега има шанса да ја продолжи низата од финалиња, против Димитров, кој неочекувано блеска на Отвореното првенство на САД, иако играше скромно за неговиот талент и капацитет во текот на оваа година.

Победата против Роџер Федерер многу ќе му значи на бугарскиот тенисер, како поттик да се обиде да го елиминира Медведев. Ова му е трето полуфинале на гренд слем турнирите и се чини најголема шанса досега да игра и меч за титула на еден од четирите најважни тениски турнири.

Досега меѓу себе играа двапати и двата меча им беа во 2017 година и имаат по една победа.  Димитров беше подобар во Лондон и победи со 2:1, а потоа Данил му се реваншираше со триумф од 2:0 во Вашингтон. Сега ќе типуваме дека рускиот тенисер ќе поведе со 2:1 бидејќи игра во страшна форма во последно време.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Матео Беретини – Рафаел Надал (полуфинале, Отвореното првенство на САД, 00 часот)

Како што одминуваше сезоната, Рафаел Надал играше сè подобро. Го пропушти стартниот гренд-слем во Мелбурн поради повреда, а потоа одигра солидно во сезоната за игра на неговата омилена подлога, на земја. По неколку порази во полуфиналињата, го освои Ролан Гарос по рекорден 12-ти пат.

Играше мошне солидно на Вимблдон, но загуби од Федерер во полуфиналето и потоа го освои Роџерс купот во Монтреал со победа против Медведев. И сега во Њујорк постојат реални шанси тоа финале да се повтори, но Надал најпрво треба да ја елиминира сензацијата на турнирот Матео Беретини и Медведев да биде поуспешен од Димитров.

Беретини ја почна сезоната со настапи на Челенџер турнирите, кои се пониска класа настани и служат најчесто за камбек по повреди или за да се крене ранкингот. Матео победи во Феникс и потоа почна да игра сè подобро.

Славеше на АТПтурнирот во Будимпешта, потоа играше финале во Минхен и имаше солидна сезона на трева. Од него речиси никој не очекуваше полуфинале во Њујорк, бидејќи претходно настапи само на еден турнир на тврда подлога и загуби во првото коло во Синсинати.

На „Флешинг Медоуз“ блеска и нанижа победи против реномирани тенисери од калибарот на Гаске, Рублев и Монфис. Сега го чека мечот на кариерата против Надал за палсман во првото гренд слем финале. Интересно е што Матео на четири од петте досегашни дуели што ги доби во Њујорк играше барем еден сет во тај-брејк.

Коефициентот за да го повтори тоа и ноќеска против Надал во обложувалниците на Sport Life е 2.30, па ќе се обидеме да типуваме дека ќе има тај-брејк барем во еден сет.

Предлог тип: Има тај-брејк (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести