Германија без 11 играчи ќе игра против Аргентина, а пак е фаворит

Некогашните светски прваци Германија и Аргентина ќе одиграат пријателски меч, во кој Панцерите влегуваат со многу проблеми. Селекторот на Германија, Јоаким Лев, нема да може да смета на дури на 11-мина играчи кои се повредени.

„Болницата“ во составот на Германија ја сочинуваат: Дракслер, Гинтер, Горецка, Гундоган, Хектор, Кехер, Крос, Рудигер, Сане, Шулц и Вернер.

Освен контролниот меч против Гаучосите, Германија ќе одигра и еден дуел во квалификациите за Европското првенство 2020 година против Естонија.

 

- Оглас -

Најнови вести