Германија даде двојно повеќе поени од Црна Гора во прво полувреме, а стравуваше до крај

Германија се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот, и таму ќе игра со Грција или Чешка.

Германците вечерва во Берлин ја совладаа Црна Гора со 85-79, иако по првото полувреме семафорот покажуваше 48-24 за домашните, и тие требаше многу полесно да дојдат до победата. Црногорците одиграа фантастично во напад во второто полувреме, но сепак им пресудија многу слабите први 20 минути.

Денис Шредер со 22 поени беше најефикасен во германскиот тим, додек кај поразените најефикасен беше некогашниот играч на Карпош Соколи, Кендрик Пери, со 25 поени.

- Оглас -

Најнови вести