28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Германија доби нов селектор

Доскорешниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик ја прифати понудата да биде нов селектор на Германија и тоа денеска треба да биде официјализирано. Уште пред еден месец, стратегот имаше усмен договор со челниците на фудбалската федерација на Германија, а новото работно место на Флик ќе биде по завршување на Европското првенство.

Јоаким Лев повеќе од една деценија беше на чело на Германија, а селекторот најави дека ќе си замине по крајот на континенталниот собир. Во последниот меч од квалификациите за СП 2022 година, Германија на свој терен загуби од Македонија со 2:1, што е еден од најнеочекуваните порази на Лев во кариерата.

Флик имаше одличен период во Баерн Минхен, тим со кој ги освои сите најзначајни трофеи, почнувајќи од трофејот во Бундеслигата, пехарите во Купот и Суперкупот на Германија, па се до успесите во Лигата на шампиони и Светското клупско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести