Германија и Англија без проблем, Шпанија шокирана, Ибрахимовиќ се врати со асистенција

Некои фаворити ја оправдаа, а некои не својата улога во вечераните мечеви од квалификациите за СП 2022. Германија рано ги репи дилемите и со 3-0 го надигра Исланд во меч од групата во која е и Македонија. Ерменија со 1-0 славеше на гости кај Лихтенштајн во третиот меч од нашата група.

Англија „само“ со 5-0 го разби Сан Марино, Италија со 2-0 ја победи Северна Ирска, и од гигантите на европскиот фудбал, толку. Киксираше Шпанија која дома одигра само 1-1 против Грција. Грците дадоа гол од пенал и тоа е прв пенал досуден против Шпанија на нејзин терен во квалификации за СП. Шпанците не тргнале со домашно реми во квалификации уште во циклусот за Мундијалот во 1974 година, и тоа е последното СП на кое не учествуваа.

Спектакл имаше во Унгарија, каде домашните и Полска одиграа 3-3, Левандовски го даде шестиот гол, а Ибрахимовиќ асистираше при голот за победа од 1-0 на Шведска против Грузија. Победа на гости во вечерните мечеви извојива само Албанија против Андора, резултатот беше 1-0.

- Оглас -

Најнови вести