-1.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Германија и Холандија со убедливи победи до пласман на СП, Хрватска со магичен пресврт во Подгорица (Видео)

Репрезентациите на Германија и на Холандија со убедливи победија обезбедија пласман на Светското првенство 2026. Тоа што се насетуваше и пред денешните натпревари се оствари, и тоа на убедлив начин.

Германија со тениски резултат, 6-0, славеше над Словачка во директниот дуел за место на Мундијалот. Победникот беше решен уште по првите 45 минути, а на Германците на овој меч им беше потребен само бод.

Словачка ќе игра во баражот, а таму ќе им се придружи и Полска, која многу потешко од очекуваното дојде до победа од 2-3 на гостувањето кај Малта.

Полска имаше шанси за директен пласман, но тоа беше можно само теоретски бидејќи Холандија ја совлада Литванија пред својата публика со убедливи 4-0 и се „чекира“ на Светското првенство.

Хрватска во меч без резултатско значење победи против Црна Гора во Подгорица со 2-3, но дури откако губеше со 2-0. Чешка со убедливи 6-0 се загреваше за баражот, додека Северна Ирска со минимални 1-0 го победи Луксембург.

- Оглас -

Најнови вести