Победата на Борусија Дортмунд над Пари Сен Жермен и официјално значеше дека Германија како и Италија, ќе добие петти тим во проширената Лига на шампиони за следната сезона.
Сега Германците и Италијанците сонуваат и за шести свој тим во елитното натпреварување, а тоа е реална опција.
Сигурни германски учесници во ЛШ се Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд, но може да им се придружи уште некој. Математиката на Германците е јасна: Бундеслигата ќе има шест тима во ЛШ ако Баер Леверкузен ја освои Лига Европа.
Италијанската Серија А има три полуфиналисти во куповите и им се отвора прилика да добијат шести тим во ЛШ ако Рома или Аталанта ја освојат Лига Европа и притоа завршат на позиција на табелата во Серија А преку која веќе би им било гарантиран пласман во Лигата на шампионите. Во моментов Рома е петта, а Аталанта шеста. На пример ако Рома ја освои ЛЕ и биде петта во домашната лига, а Аталанта биде шеста во Серија А, двата тима ќе одат во ЛШ.
Расплетот го чекаат и Лацио, Наполи и Фиорентина кои се надеваат на шестото место.