Ник Волтемаде. Ова е името и презимето на фудбалерот на Штутгарт кој со феноменален биланс од 6 гола и три асистенции на четири меча, е најзаслужен што Германија е во финале на младинското Европско првенство за играчи до 21 година.
Тој денеска во полуфиналето против Франција го даде вториот од трите гола во победата од 3-0.
Волтемаде има 23 години, но правилата на УЕФА дозволуваат на ЕП да играат сите кои имале 21 или помалку години на почетокот на квалификациите за првенството.
Во финалето во Братислава, Германија ќе се сретне со актуелниот првак Англија. Германците беа шампиони во 2021, па ова ќе биде дуел на последните два младински европски прваци.