Репрезентацијата на Германија го освои бронзениот медал на Европското првенство на кое Панцерите беа еден од домаќините. Во дуел за третото место Германија со 82:69 ја победи Полска.
Германците добро го отворија мечот и по првата четвртина водеа со пет разлика. Во втората четвртина предноста на домаќините стигна и 15 поени (36:21).
Во третата четвртина Германија водеше 54:43, но Полска не се предаде и во 33 минута резултатот беше израмнет на 59:59.
Германците сепак не дозволија да направат од готово-вересија и за брзо време повторно поведоа со девет разлика (73:64) и ја задржаа предноста до крајот.
Полска иако не освои медал, со игрите на ова првенсво успеа да ја убеди ФИБА Европа да ја вметне земјата меѓу домаќините на ЕП 2025 година. До тоа Полска автоматски обезбеди пласман на тоа ЕП, што во друг случај ќе беше тешко веројатно, затоа што на оваа репрезентација о се закануваше да не ги помине и претквалификациите каде далеку заостанува зад Хрватска која е прва.
Вечерва во големото финале ќе играат Шпанија и Франција.