Германија ја понижи Италија за 15 минути (Видео)

Германија даде три гола во првото полувреме во дуелот против Италија, во возвратниот дуел од четвртфиналето во Лига на нации. Ако се додаде дека Германија славеше и на првиот меч на гости со 2:1, јасно е дека Панцерите ќе одат во полуфиналето од ова натпреварување.

Италија даваше отпор половина час, а потоа одбраната на Аѕурите се распадна. Беше досуден пенал за Германија, а Џошуа Кимих погоди за 1:0.

Germany [1]-0 Italy – Joshua Kimmich penalty 30′
byu/hallowedbe_99 insoccer

Тоа како да даде дополнителен мотив за домашните, а Јамал Мусијала зголеми на 2:0. Голот на Мусијала може да го видите ТУКА.

Во последната минута од првото полувреме, Германија постигна и трет погодок и тоа по грешка на дефанзивците на гостите и таа акција може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести