30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Германија ќе се прошета во Украина, Шпанија ќе ја победи Швајцарија

6101 Шпанија – Швајцарија (20:45 ч.)

Шпанија одигра 0:0 против Португалија во пријателски меч, а Швајцарија дома загуби од Хрватска со 1:2. Швајцарците имаат проблеми со заразени играчи од Коронависуот и не се во најсилен состав, а и фактот дека Шпанија игра на свој терен, ја прави Црвената фурија голем фаворит.

Ретко кога Шпанија одиграла два меча во низа сиромашни со погодоци, па сега се очекува да се тресат мрежите, а домаќините да ги освојат трите бода.

Предлог тип: 1&3+ (2.18)

 

6102 Украина – Германија (20:45 ч.)

Украинците се во големи проблеми поради тоа што неколку фудбалери им се заразени со Коронавирусот. Првите два голмани се во аут, па ќе брани третата опција Бушчан, кој пред неколку дена прими дури седум гола во пријателски дуел од Франција (7:1).

Германија исто така имаше лоша контрола откако одигра 3:3 против Турција, но сега Панцерите ќе сакаат да се корегираат. Реално Украина нема шанси со „крпен“ тим да се спротистави на Германија.

Предлог тип: 2&4+ (2.70)

 

6122 Црна Гора – Азербејџан (15 ч.)

Со две победи по првите две кола во Лигата на нации, Црна Гора сигурно е со мотив да оди едно скалило погоре. Азербејџан е ривал против кој еднаш имаат играно и победиле со 2:0. Менталитетот дека не се предаваат до крај, Црногорците го покажаа во контролниот меч со Летонија кога израмнија во 91 минута.

Азербејџан има четири порази во последните пет дуели и тешко дека ќе може да направи изненадување во Подгорица.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

6131 Фарски Острови – Летонија (18 ч.)

Меч на две селекции кои се меѓу најслабите во Европа. Сепак, ако за некој може да се каже дека напредувал, тоа е Фарски Острови, затоа што има три победи во последните шест средби. Летонија добро се брани и на последните шест дуели игра од 0-2 гола, а интеренсо е што и на трите меѓусебни средби на овие селекции никогаш немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.73)

 

1029 Линколн – Бристол Роверс (16 ч.)

Меч од третата лига во Англија, кој има интересна историја. Бристол победувал на последните пет меѓусебни дуели, но Линколн сега е фаворит. Тоа е така затоа што Линколн одлично стартуваше во првенството и има четири победи по ред, за прво место на табелата.

Бристол загуби пет пати на последните седум средби, па лошата форма сигурно не им дава надеж дека ќе го повторат ланскиот резултат од гостувањето кај Линколн кога победија со 1:0.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести