Германија ја торпедира Грција и ги остави Јанис и другарите без медал на ЕП

Германија ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство во кошарка откако Панцерите одиграа феноменален меч против Грција и победија со 107:96.

Грците важеа за фаворити пред мечот затоа што тоа беше единствената селекција без ниту еден пораз на турнирот, но тоа не ги уплаши Германците, кои почнаа фуриозно. Панцерите дадоа осум тројки во првите шест минути и имаа предност од 28:19. Грците се мачеа да ја стигнат негативата и првпат поведоа со 45:44, а на полувреме имаа и највисоки четири поени предност (61:57).

Клучен период за победата на Германија беше третата четвртина. Панцерите започнаа неверојатно добро и во првите шест и пол минути направија серија од 20:1 за водство од 77:62.

По една ваква серија, Грците немаа сили да се вратат, па Германците само продолжија да ја зголемуваат предноста и на три минути до крајот имаа предност и од 22 разлика (105:83).

- Оглас -

Најнови вести