Пријателскиот меч помеѓу Германија и Украина кој ќе се игра вечерва од 18 часот во Бремен, нема да биде обичен, напротив, дуел за паметење бидејќи популарниот „Ди Маншафт“ ќе го одигра својот илјадити натпревар во својата историја.
Фудбалската федерација на Германија ја одбра Украина како ривал за овој јубилеј од политички причини, поради воената состојба во која се наоѓа оваа земја на истокот на Европа, па и ова е симболичен начин да им се даде поддршка на Украинците.
Инаку, од овие 1.000 меча, дури на 340 присуствувал физиотерапевтот Волфганг Бунц, кој уште се грижи за фудбалерите.
Ова е и последна проверка на формата на украинскиот национален тим пред петочното гостување во Скопје.