Германија очекува јако да ги почне квалификациите за СП

Најтрофејната европска репрезентација Германија, за прв е во квалификациска група со Македонија и тоа за пласман на СП 2022 година. Панцерите вечерва на свој терен играат против Исланд, а во следните неколку дена ги очекува и гостување кај Романија, а како за крај на мартовските квалификации, во Дуисбург ќе ја пречека Македонија.

Германците последниот меч го одиграа пред четири месеци, кога го доживеаа и еден од најтешките порази во својата историја. Со 6:0 загубија на гостувањето кај Шпанија. Селекторот Јоаким Лев верува дека сега неговите избраници ќе одиграат на многу подобро ниво и очекува позитивни резултати од квалификациите.

„Очекувам позитивна реакција на теренот од играчи. Треба да покажеме напредок во играта, да покажеме борбен дух и агресивна игра. Потребен ни е силен старт во квалификациите и не треба да размислуваме за минатото и за тоа што се случи во ноември минатата година“, вели Лев, кој додава дека Исланд има селекција која не смее да се потцени.

„Исланѓаните имаат менталитет на победници и никогаш не се предаваат, без разлика каков е резултатот. Треба постојано да бидеме фокусирани“, додаде Лев, кој на клупата на Германија ќе биде до Европското првенство, а потоа ќе си замине.

Германија е апсолутен фаворит за победа, а во Квоти на денот во Sport Life за 1-1&4+ коефициентот е 2.75.

 

- Оглас -

Најнови вести