Германија поведе, Хаверц не погреши пред празната мрежа (Видео)

Германија води со 1:0 против Македонија во Скопје, и тоа благодарение на голот на Кај Хаверц во 50-тата минута. Гостите направија една одлична контра. По додавањето на Гнабри преку половина терен, топката дојде до Милер.

Играчот на Баерн иако беше сам пред Столе Димитриевски, реши да додаде со слободниот Хаверц, кој без проблем ја погоди празната мрежа.

- Оглас -

Најнови вести