Женската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 20 години, ќе игра меч за седмо место (против Норвешка или Грција) на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје.
Избраничките на Јелена Антиќ, денеска немаа сила за подвиг против Германија и беа убедливо поразени со 44-87. Најлоша за Црвено-жолтите беше третата четвртина која Германките ја добија со 30-10.
Македонската селекција првпат успеа да се најде во нокаут фазата во оваа категорија, девојките се пласираа во четвртфинале, во кое вчера беа надиграни од Словенија. Тој пораз остави траги врз тимот, а веројатно и заморот си го направи своето, па Германија се покажа како преголем залак.
Селцова со 10, и Секуловска со 9 поени, беа најефикасни во македонскиот тим на дуелот со Германија, а Атанасовска имаше 7 поени и 9 скока.