30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Германија против Италија го повтори историскиот гол од корнер на Ливерпул (Видео)

Германија се пласира во полуфиналето од Лигата на нациите, иако синоќа на свој терен одигра само 3:3 против Италија. Панцерите водеа со 3:0 на полувреме, а на крајот се спасуваа од пораз затоа што Италија одигра фантастично во вториот дел и стигна до 3:3.

Од сите шест погодоци највпечатлив беше тој на Џамал Мусијала кога погоди за 2:0 во 36-тата минута. Германците искористија едно невнимание на одбраната на Италија. Топката отиде во корнер, Џиџи Донарума и останатите се договараа како да чуваат, а за тоа време Кимих го изведе корнерот, а Мусијала погоди на празна мрежа.

Голот на Мусијала кој ги изненади италијанските фудбалери, но и режисерот на ТВ-преносот, може да го видите ТУКА.

Овој погодок на Мусијала потсети на голот што го даде Ливерпул во анталогиското полуфинале во Лигата на шампионите против Барселона. Тогаш англискиот гигант победи со 4:0 и се пласира во финалето.

- Оглас -

Најнови вести