Германија првпат ја победи Португалија и стана европски првак

Германската фудбалска репрезентација е нов европски првак за фудбалери до 21 година откако во финалето на континенталниот собир во Љубљана минимално со 1:0 ја победи Португалија. Напаѓачот на Андерлехт, Лукас Нмеча е херојот на Германија, постигнувајќи го единствениот гол, вреден златна титула, и тоа на почетокот на второто полувреме.

Во претходните пет меѓусебни дуели на овие две селекции за играчи до 21 година, Португалците имаа пет победи, но сега кога беше најпотребно, загубија. Португалците имаа и низа од 12 триумфи по ред во сите натпревари, но не успеаjа да се закитат со златото.

Ова е трета генерација на германски фудбалери до 21 година кои стигнуваат до златото на ЕП, повторувајќи го успехот од 2009 и 2017 година.

 

- Оглас -

Најнови вести