Репрезентацијата на Германија ја победи Русија со 30:29 и триумфално се одјави од ова ракометно европско првенство.
Панцерите завршија на четврттото место во групата 2 и немаа никакви шанси за да се пласирааат во елиминациите бидејќи тие имаат четири, додека третопласираната во моментов Шведска има шест бода.
Најефикасен ракометар на средбата беше Сергеј Косоротов со осум постигнати погодоци.
За помалку од еден час се игра одлучувачкиот натпревар меѓу Норвешка и Шведска, каде што победникот оди во полуфиналето, а поразениот ќе разигрува меч за петтото или шестото место.