Репрезентацијата на Германија е првиот финалист на Европското првенство, откако без многу проблеми со 98:86 ја победи Финска. И пред мечот, Германија ја имаше улогата на фаворит, а на крајот успеа да стави крај на историското првенство на Финска, која прв пат стигна до полуфинале на еврособир.
Мотивираните Финци одлично го започнаа мечот и поведоа со 14:6, а потоа имаа и 18:11. Потоа следи серија од 10:0 на Германија која го преземе водството (21:18), а по првата четвртина Панцерите водеа со 30:26.
На почетокот од втората четвртина Германија прв пат стигна и до двоцифрена предност (38:26), а во еден момент водеа и со 19 разлика (49:30).
Франц Вагнер блескаше во првото полувреме и постигна 20 поени за Германија.
This is the “Wagner” game.
Franz Wagner drops 20 points at the half for Germany 🇩🇪#EuroBasket pic.twitter.com/fDQyUDyHuL
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 12, 2025
Во второто полувреме Германците искусно, во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да направи изненадување.
Во финалето, Германија ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Турција и Грција кој се игра вечерва.