Германија уште на полувреме ќе води, Полска и Австрија ќе покажат зошто имаат силни напади

Летонија – Македонија (20:45 ч.)

Против кој друг ако не против Летонија, Македонија реално може да се надева дека ќе ги освои трите бода и на гостински терен. Рисовите гостуваат во Рига против селекцијата која во досегашните пет меча прими 19 гола, што значи дека во просек по меч по четири пати капитулира одбраната на Летонија.

Пред шест месеци, Македонија во Скопје победи со 3:1, а и сега е фаворит за триумф. Со играчи од калибарот на Нестровски, Барди, Адеми, Елмас, Алиоски, Николов, па дури и ако капитенот Пандев не е подготвен за игра, Македонија треба да се радува на триумф.

Предлог тип: 2&2-4 (2.55) – квота на денот во Sport Life

 

Русија – Казакстан (20:45 ч.)

Голем е мотивот кај домаќините. Со победа, Русија ќе направи голем чекор до пласман на ЕП 2020. Во март овие две селекции играа на теренот на Казакстан, а Русија славеше убедливо со 4:0. Во досегашниот дел од квалификациите, Русите го имаат и најефикасниот напад. Дадоа 17 гола на пет средби, а се очекува голеадата за продолжи и вечерва.

Казакстан на гости игра многу послабо отколку на свој терен, па сигурно дека тешко може да очекува да се врати со бод од ова гостување.

Предлог тип: T1 1+I & T1 3+ (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

Северна Ирска – Германија (20:45 ч.)

Делува чудно, но Северна Ирска е лидер на табелата со максимални 12 бодови од четири меча. Сепак тоа се бодови освоени против аутсајдерите Естонија и Белорусија, а дури сега следуваат вистинските предизвици.

Германија пред три дена го претрпе првиот пораз и тоа дома во дербито од Холандија со 2:4. Панцерите сигурно нема да дозволат нов кикс, бидејќи на тој начин ќе ја загрозат позицијата за пласман на завршницата. Гостите уште во првото полувреме треба да стигнат до предност и да ја сочуваат до крај.

На последните седум меѓусебни дуели, Германија секогаш победувала. Северна Ирска последен пат славела над Панцерите во далечната 1983 година (1:0).

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

Слoвенија – Израел (20:45 ч.)

Двете селекции имаат по осум бода и се во борба за место на ЕП. Словенците се полни со самодоверба, откако во петокот со 2:0 ја победија Полска, додека Израел освои бод на свој терен против Македонија. Во досегашните четири меѓусебни средби, Израел нема ниту една победа против Словенија, но факт е дека три дуели завршиле нерешено.

Предлог тип: 1Х&1-3 (1.86)

 

Полска – Австрија (20:45 ч.)

Дуел на двете првопласирани селекции во групата во која е и Македонија. Полска победи на гости кај Австрија со 1:0, но Австриците се во многу добра форма и се радуваа на последните три средби во кои дадоа 11 голови. Двете екипи имаат одличен напад и може да се очекуваат погодоци, иако се работи за многу важен меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести