Германија водеше 35 минути, на крај загуби убедливо, Американците на мегдан со ривалот од кој во последниот меч загубија

Италија го доби првото дерби на кошаркаскиот турнир на ЛОИ, откако со 92:82 славеше против Германија. Аѕурите одиграа фантастично во последните неколку минути, кога успеаа да ја анулираат негативата и на крајот да стигнат до сигурна победа.

И првите неколку минути им припаднаа на Италијанците кои водеа со 14:11, но потоа Германија со фантастична серија од 16:2 стигнаа до двоцифрена предност од 27:16. Панцерите го контролираа резултатот во текот на следните 30-тина минути, па на пет минути до крајот водеа со 79:73.

Тогаш се случи пресврт. Италија заигра одлично во одбраната, а во нападот беше безгрешна, па во финишот Аѕурите дадоа дури 19 поени, а примија само три и на крајот стигнаа до убедлива победа од 10 разлика.

Главниот меч од првото коло на кошаркарскиот турнир ќе се игра во 14 часот меѓу САД и Франција. Американците се главни фаворити за златото, но факт е дека Франција го доби последниот меч против САД. Тоа беше пред две години на Светското првенство кога Галските петли се радуваа со 89:79.

Сепак, сега ситуацијата е поинаква, за САД настапуваат НБА ѕвездите и не би требало да има проблеми да стигне до победа.

 

- Оглас -

Најнови вести