Легендарната германска ракометарка, Ања Алтхаус, која дел од својата богата кариера мина и во ЖРК Вардар, нема дилеми за кого ќе навива на вечерашниот меч помеѓу Македонија и Германија во Берлин од ракометното Европско првенство.
Алтхаус од неодамна е одговорно лице за медиа комуникации во РФМ, таа е како мост помеѓу тимот и новинарите кои се во Германија, практично дел е од македонскиот тим, па воопшто нема дилеми за кого ќе навива вечерва, дали за родната земја или за Македонија.
Без ниту една секунда размислување Германката ни откри дека таа се чувствува дел од македонскиот тим и со цело срце посакува нејзиниот тим да победи.