Германска артиљерија – Две екипи на Баерн дадоа неверојатни 28 гола

Прекарасен ден имаше фудбалскиот погон на германскиот гигант Баерн, а двете победи на женскиот тим против Челзи и на машкиот состав против Ротах Егерн ќе влезат во клупската историја.

Во ист ден двете екипи простигнаа неверојатни 28 гола и не примија ниту еден. Дамите го декласираа Челзи во пријателски меч со 5:0, а блескаше холандската интернационалка Линет Беренштајн со хет-трик. Голови постигнаа и Џулија Гвин и Јована Дамњановиќ за убедлив триумф.

Потоа во вистинско гол-шоу машкиот состав на германскиот првак го декласираше нисколигашот Ротах Егерн со 23:0. Корентин Толисо нанижа четири гола по ред во кус рок од пет минути и беше прв стрелец на мечот. По 3 гола постигнаа Роберт Левандовски, Томас Милер и Леон Горецка, а мрежата на аутсајдерот немилосрдно се полнеше во текот на целиот меч.

Ротах Егерн примаше гол во просек на секои 4 минути, што е подвиг за респект, без разлика што се работи за голема разлика во класата на двете екипи.

- Оглас -

Најнови вести