Германска легенда даде гол со ножички, а има 69 години (Видео)

Легендарниот Клаус Фишер, кој е втор стрелец во историјата на германската Бундеслига, покажа дека иако има 69 години, уште е во добра форма и може да даде гол со ножичк,и како што го правеше тоа и пред 40-тина години. Најпознат негов гол е оној од полуфиналето на СП во 1982 година против Франција, кога даде гол со еден вид ан ножички.

Сега Фишер работи како телевизиски коментатор и во студиото беше ставен гол, му нафрлија топка, а тој облечен во кошула, чевли и панталони, на многу атрактивен начин ја смести во мрежата. Откако успеа, испрати порака до Гери Линекер да го направи тоа. Англичанецот исто така работи како телевизиски коментатор и одговори дека може и тој да го направи тоа, па треба да се очекува наскоро и Линекер да им приреди шоу на гледачите.

 

- Оглас -

Најнови вести