Германска легенда предупредува: Ние сме светски шампиони во изговори, а се наоѓаме во најголемата криза

Поранешниот германски репрезентативец Матијас Замер упати сериозни критики кон луѓето од Фудбалската федерација поради состојбата во која се наоѓа германскиот фудбал.

„Порано или подоцна ќе зборувам уште појасно, но сметам дека германскиот фудбал е во најголема криза откако јас паметам. Ние сме светски и европски шампиони во пронаоѓањето изговори зошто работите не функционираат. Шокиран сум колку е голема кризата, а никој ништо не презема“, изјави Замер во поткастот на „Билд“.

Во последните неколку години, германската репрезентација бележи лоши резултати на големите натпреварувања, на СП 2022 и 2018 година беа елиминирани во групната фаза, додека на ЕП 2020 беа елиминирани во осминафиналето.

„Не мораме веднаш сè да освоиме, но од спортски аспект, порано репрезентациите се плашеа да играат против Германија бидејќи знаеја дека е речиси невозможно да победат. Мораме да го вратиме тоа чувство, тоа е моја голема желба“, изјави Замер, кој сега работи како советник во Борусија Дортмунд

- Оглас -

Најнови вести