Англиските навивачи се најдоа на удар на германската полиција, откако им забрането да ја пеат својата препознатлива песна за нацистичките авиони од Втората светска војна. Англија и Германија се стари фудбалски ривали, па токму затоа англичаните имаат и специјална песна за германците. Полицијата на Германија се закани дека може парично да ги казни навивачите кои нема да ја почитуваат забраната, дури може да бидат и уапсени, а во секој случај ќе им бидат поништени билетите за Европското првенство.
Спорната песна која англичаните ја пееја во Дизелдорф во слободен превод на македонски би звучела вака: „Имаше десет германски бомбардери (авиони) на небото, но англискиот РАФ (Кралските воздухопловни сили) соборија еден …“ и се така авион по авион, додека и 10-тиот не биде соборен од небото.
Во бомбардирањата на германските авиони во Втората светска војна во Обединетото кралство загинале околу 70.000 луѓе.
https://twitter.com/PaulBrown_UK/status/1802073758233997493?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1802073758233997493%7Ctwgr%5Ef8649b19b26119dc7e548eeefec20313f42f5d62%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fnjemacka-policija-upozorila-da-nece-dozvoljavati-pjesmu-o-rusenju-nacistickih-aviona%2F2574238.aspx