32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Германска пречка на патот на Алкалоид до групите на Лигата на Европа

Актуелниот освојувач на Европскиот куп, Алкалоид, оваа сезона ќе се натпреварува едно скалило погоре на европската ракометна сцена во Лигата на Европа, но ќе мора да мине низ квалификации.

Сепак, ждрепката не беше наклонета на нашиот претставник, па за место во групната фаза ќе мора да го мине германскиот Хановер. Првиот меч се игра на гостински терен, додека Алкалоид ќе биде домаќин на реваншот.

Доколку Алкалоид успее да го елиминира Хановер, ќе му се придружи на Вардар во групите од Лигата на Европа.

Денес беше извршена ждрепката и за македонските екипи кои ќе настапуваат во Европскиот куп во машка и во женска конкуренција.

Бутел ќе стартува од првото коло, а за противник го доби Дуделанж од Луксембург. Најмалку среќа имаше Тиквеш, кој ќе стартува директно во второто коло од Европскиот куп. Кавадарчани за противник го добија шампионот на Турција, Бешикташ.

Најлесен противник доби Охрид, кој за пласман во третото коло од Европскиот куп ќе треба да го мине Баку од Азербејџан.

Во женскиот Европски куп, Македонија ќе има четири претставника, но шампионот Ѓорче Петров започнува директно од третото коло, па дополнително ќе го дознае својот противник.

Извршена беше ждрепката само за второто коло, а таму Металург за противник ќе го има Диферданж од Луксембург, Чаир ќе игра против Ајдовчина од Словенија, додека Куманово ќе се сретне со литванска Гарилава.

- Оглас -

Најнови вести