Младата 18-годишна фудбалерка на Баерн Минхен и германска репрезентативка, Алара Шехитлер, почна да одбива да го става своето презиме на дресот, а причината беше тоа што е слично со презимето на лидерот и диктатор на нацистичка Германија, Адолф Хитлер.
Презимето на девојката е турско и се изговара Шехитлер (на турски значи нешто како маченик), но за Германците цртичката под буквата С која прави да се изговара Ш не значи ништо, и за нив правилниот изговор на германски јазик е Зе-Хитлер („Seh-ittla“).
Алара е родена во Германија, а нејзиниот татко е од Турција. Раководството на Баерн извести дека германските десничарски активисти го злоупотребувале презимето на Алара за несоодветни изјави и споредби со Хитлер. И УЕФА мораше ја одобри промената на презимето бидејќи досега немало ваква ситуација.