Германската кралица за голови знае и да се шегува – Има мустаќи и е подготвена да игра на Мундијалот во Катар (Видео)

Александра Поп е главната фигура во успехот на Германија на женското Европско првенство во фудбал и најзаслужна за пласманот на 8-кратните шампионки во ново финале, кое ќе го играат задутре против домаќинот Англија.

Капитенот на германската репрезентација ги постигна двата гола во полуфиналето против Франција за победа од 2:1, а со шест гола е на врвот на листата со најдобри стрелци, заедно со репрезентативката на Англија Бетани Мид.

По победата во полуфиналето против Франција, во еуфорија дел од германските медиуми повикаа Поп да биде приклучена во машкиот национален тим на Гермнаија за Мундијалот во Катар, на што самата фудбалерка одговори со интересен штос.

Се појави на прес-конференција со каша и мустаќи во машко издание и објави дека пред новинарите е Александар Поп и дека е подготвен да игра за Елфот на машкото Светско првенство во Катар.

https://twitter.com/Mockneyrebel/status/1553011518316363779?s=20&t=utAz6rr5o7KLzpQYC6WGQw

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести