Германската легенда одби 10 клуба за да потпише за Рома

Долго се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Матс Хумелс. Тој летово стана слободен фудбалер откако му заврши договорот со Милионерите, а на маса имаше десетина понуди. Една од нив беше онаа од Рома за годишна плата од два милиони евра, која беше одбиена од страна на фудбалерот, но сега ја прифати втората, за повисока плата од 2,5 милиони евра.

Хумелс првпат во кариерата ќе игра во италијанската Серија А, а летово можеше да бира помеѓу Баер Леверкузен, Ајакс, Вест хем, Реал Сосиедад, Спортинг Лисабон, Болоња, Мајорка, како и клубови од Саудиска Арабија.

Матс Хулемс во 2014 година беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на Светското првенство во репрезентацијата на Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести