Германската легенда си го чека Медалот на честа пред ЕП

Мануел Нојер си го чека Медалот на честа во понеделник, кога ќе го добие и вредното признание за 100-от меч во дресот на германската репрезентација.

Еден од најдобрите големани на светот ќе брани по 100-пат за Елфот, во понеделник против Летонија во последниот тест меч на Германците пред настапот на Европското првенство.

Нојер не бранеше против нас во Дуисбург кога ја победивме Германија со 2:1 во една од најголемите фудбалски сензации на сите времиња. Потоа беше на голот на Елфот против Данска, по 99 пат, а во понеделник ќе ја исполни и стотката.

Легендарниот чувар на мрежата ќе биде првиот германски голман што ќе има троцифрен број натпревари за националната селекција.

Германија ќе игра на ЕП во Ф групата, една од најтешките со Франција, Португалија и Унгарија.

 

- Оглас -

Најнови вести