Германската легенда згрме: Саудијците ги купија сите, а ние тоа го плаќаме

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го критикуваше фудбалот во Саудиска Арабија и челниците од оваа земја за тоа што го направија во оваа година. Државата реши да вложува во фудбалот, па клубовите во Саудиска Арабија добија многу пари со кои можеа да ги доведат најголемите фудбалски ѕвезди, како што се Кристијано Роналдо, Нејмар, Карим Бензема, Садио Мане…

„Замислете да морате да играте во Саудиска Арабија. Многу сум загрижен за тоа што ни доаѓа од Саудиска Арабија. Изгледа дека тие имаат бесконечно пари. Ние тоа го плаќаме со нашата цена на нафтата“, рече Хенес.

Наместо Роналдо, Нејмар и останатите ѕвезди да бидат главни во Лигата на шампионите во Европа, сега тие играат во азиската Лига на шампиони. Пред неколку дена Нејмар реагираше за тоа во каква катастрофална состојба е теренот на стадионот во Техеран и едноставно не му се веруваше дека мора да игра на таква трева. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести