Германската полиција во Дизелдорф уапси четири млади лица кои планирале терористички напади за време на Европското првенство.
Според полицијата, планот на четворицата уапсени бил за време на ЕП кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија, со молотови коктели и напади со ножеви, да предизвикаат хаос и паника кај домаќинот на Евро 2024.
„Уапсивме група млади лица на возраст од 15 и 16 години. Дознавме што планираат, ги следевме и со помош на технолпгија ги снимивме пораките од нивните мобилни телефони. Признаа дека летово се планираат напади во германски градови за време на ЕП“, соопшти германската полиција.
Но, тоа не е се, полицијата објави дека постои опасност и од напади со дронови и поради тоа најави ригорозни контроли за време на Европското првенство.