Германската репрезентација се „распаѓа“ пред ЕП: Бунт на играчите, посебно на тие од Баерн Минхен

По повеќе од 15 години, јасно е дека Германија по завршвање на Европското првенство ќе добие нов селектор. Јоаким Лев повеќе од една и пол деценија го предводеше националниот состав, но сега реши дека е време да си замине. На два месеци до крајот на неговиот договор, Лев се соочи со проблеми кои досега ги немал.

Според реномираниот весник „Билд“, фудбалерите не биле воодушевени од тактиката која ја подготвува Лев и формацијата со која треба да настапат Панцерите на ЕП. Најавите се дека Лев ќе игра во формација 3-5-2, а разочарувањето кај играчите било големо, посебно кај оние кои доаѓаат од Баерн Минхен.

Во Баерн со години се игра во формација со четворица играчи во последниот, дефанзивен ред, како што е пракса и во поголем дел од германските екипи. Поради тоа, на играчите многу потешко ќе им биде да се навикнат на играта со тројца во одбраната која ја замислил Лев.

Германија е еден од домаќините на ЕП, а своите мечеви како домаќин во групната фаза ќе ги игра на „Алијанц Арена“ во Минхен, на стадионот на Баерн. Во првото коло од групната фаза, Германија ќе игра против Франција на 15 јуни, четири дена подоцна ривал ќе им биде Португалија, а групната фаза ќе ја завршат со мечот против Унгарија на 23 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести