Фудбалската репрезентација на Германија во својата богата историја, има одиграно вкупно 997 натпревари, а кон крајот на месецов ќе одиграат уште два, со Перу и Бегија, и така ќе дојдат до 999.
Фудбалската федерација одлучи големиот јубилеј, 1.000-тиот меч за „Маншафт“ да биде на 12-ти јуни во Бремен против селекцијата на Украина, два дена после финалето на Лигата на шампионите.
Како домаќин на Европското првенство во 2024 година, Германија не игра квалификации, па периодов избраниците на селекторот Ханси Флик имаат само пријателски средби.