Германија ќе игра финале на младинското Европско првенство, откако во прекрасен меч со 4:2 ја победи одличната селекција на Романија на „Ренато Дел Ара“ во Болоња.
И повторно го потврдија правилото на Линекер дека во фудбалот секогаш победуваат Германците. Предводени од првиот стрелец на турнирот Џанлука Волдшмит од загубена позиција и негатива од 1:2 младите Германци се вратија на сензационален начин, доминираа во второто полувреме и постигнаа три гола за компл,етен пресврт и финале.
Романија одигра подобро во првиот дел и со двата гола на Пушкаш водеше со 2:1. И тие направија пресврт по голот на Амири во 21 минута. Соиграчот на Несторовски и на Трајковски од Палермо постигна два гола и Романците беа на само 45 минути до историски успех.
Сепак во вториот дел на сцена стапија Волдшмит со два гола и Амири со уште еден погодок за печат на триумфот на одличните Германци.
Двата гола за победа ги постигнаа во 90. и во 94. минута и сега ќе го чекаат исходот од второто полуфинале меѓу Шпанија и Франција што ќе се игра од 21 часот во Реџо Емилија.