Германски богаташ се нуди да го плати трансферот на Кристијано Роналдо во Баерн!

Баерн Минхен добил интересна мејл-порака од интернет-богаташот Маркус Шен (сопственик на сајтот buero.de), во која тој нуди да го финансира целиот трансфер на Кристијано Роналдо од Ал-Наср во Баерн.

Роналдо сака да се врати во Европа, во тим со кој би се борел за трофеи и тим со кој би играл во Лигата на шампионите, а Баерн е таков. Но, Баварците упорно одбиваат да влезат во преговори со Португалецот бидејќи не сакаат да му дадат пари колку што тој бара. Сега за Баерн доаѓа финансиска помош од страна на милионерот Шен, па можеби и ќе се премислат.

- Оглас -

Најнови вести