Комичарот Маце Кноп на хумористичен начин им претстави на гледачите како изгледа еден ден на Кристијано Роналдо во Торино. Кноп посети неколку култни места во Торино, меѓу кои и кафуле во кое ѕвездите пијат еспресо или продавница на Јувентус.
Кноп се внесе во улогата на Роналдо, зборува мешано италијански, португалски и германски, секако со португалски нагласок, постојано си ја мести фризурата, а откако проба едно палто од кашмир, не сакаше да го купи затоа што според Роналдо, би било многу ефтино, иако цената е 3.500 евра.
Погледнете го првиот дел од сеирот, за утре се најавува втор дел: