Германски микс на Васоски – Баер и Лајпциг се во предност како гости, Херта и Фрајбург ќе победат дома

1801 Аугсбург – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Ретко кој очекуваше Аугсбург да биде во друштво со Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт на врвот на табелата во Германија, но тимот игра одличен фудбал и најави добра сезона.

Примија само еден гол на два меча ја победија и Борусија Дортмунд и во убаво расположение ги чекаат Биковите од Лајпциг.

Хајко Херлих беше напаѓач и сега како тренер на Аугсбург не отстапува од офанзивниот стил, иако по првите три кола се гледа дека одлично ја поставува и дефанзивата. Пријатно ме изненадија со брзата транзиција од одбрана во напад против Борусија Дортмунд, кога славеа со 2:0, но тоа ќе биде и добро предупредување за Лајпциг.

Гостите имаат топ екипа, амбициите се големи, можеби и напад на титулата, иако им замина најдобриот стрелец Тимо Вернер.

Очекувам Јулијан Наглесман да најде противигра за разиграниот Аугсбург и гостите да слават победа во меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 2&3+ (2.10)

 

1802 Фрајбург – Вердер (Сабота, 15.30 часот)

Фрајбург игра добро на домашен терен и очекувам да го победат Вердер, иако на последните две гостувања на „Шварцвалд“ гостите немаат пораз.

Фрајбург имаше многу потежок распоред на стартот од Бундеслигата, но сепак освои 4 бода што е добар ефект за нив. Вердер нанижа две победи по катастрофалниот пораз од Херта со 1:4 во првото коло и ќе допатуваат со амбиција да направат хет-трик.

На гостите ќе им недостасуваат Рашица и Селке, двајца многу важни играчи. Особено неиграњето на првиот стрелец од ланската сезона и репрезентативец на Косово Рашица ќе биде голем хендикеп за Вердер.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

1803 Херта – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Херта и Штутгарт играат во германски стил, отворено, за гол повеќе и можно е на „Олимпискиот стадион“ во Берлин да гледаме ефикасен меч.

Гостувањата во Берлин за Штутгарт во последно време беа со лоши спомени и имаат четири порази во низа, а очекувам таа традиција да продолжи и денеска.

Мислам дека Херта е поквалитетен тим и дека ќе нападне од почеток за да си осигура важни бодови во битката за пробив кон горниот дел од табелата.

Предлог тип: 1-1&2+ (3.70)

 

1804 Хофенхајм- Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Мечевите на Хофенхајм и Борусија Дортмунд во последнава деценија се за уживање, со многу голови, имаше и доста изненадувања, а очекувам нов дуел со многу голови.

Хофенхајм одигра перфектен меч против Баерн и го декласира неочекувано со 4:1, а дека умеат да ги изненадат фаворитите потврда е и победата од 4:0 против Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“ во последниот нивни меѓусебен дуел.

Некако кога е Хофенхајм во прашање се се врти околу четворката, па ќе типувам дека ќе има 4+ денеска на дербито во Бундеслигата.

Предлог тип: 4+ (2.02)

 

1608 Мајнц – Баер Леверкузен (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц е во голема криза, па ниту смената на тренерот не помогна. Претрпеа нов тежок пораз од 4:0 против Унион од Берлин и ги чека тешка сезона и битка за опстанок.

И Баер Леверкузен не стартуваше според планот, па имаат три нерешени со само два постигнати гола. Очигледно е дека им недостасува Каи Хаверц, кој им беше прв стрелец лани.

Сепак имаат подобар тим од Мајнц, екипа која засега нема рецепт како да се сопре серијата тешки порази. Очекувам гостите да ја искористат ситуацијата и да постигнат најмалку два гола што ќе ги доведе на прагот на победата.

Предлог тип: Т2 2+ (1.55) Супер Тип на Sport Life

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести